Викендов беа одиграни натпреварите од првото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ што се одржува во Спортскиот центар „Климент Колески“ во организација на „Sport Brother Ohrid“.

Во саботата екипата на Магна ја совлада екипата на Костал со резултат 5:2. Неделата беше резервирана за три натпревари, во кои екипата на Жито Леб ја совлада Општина Охрид со 10 гола разлика (11:1), тимот на Инекс Олгица победи во натпреварот со ЛТХ Леарница 4:1, додека АСП ПАК со 6:2 славеше над ТАВ Аеродром.

По одиграното прво коло по 3 бода на врвот на табелата имаат екипите на Магна, Жито леб и АСП ПАК.

Најдобар стрелец во првото коло е Наум Тренески со постигнати 4 гола, Илија Ноер Велјаноски постигна 3 а Виктор Илоски два гола.

Следното 2 коло се игра викендов на 21/22 февруари:

Макпетрол – Општина Охрид
ЛТХ Леарница – Магна
АСП ПАК – Инекс Олгица
Костал – Жито Леб
Слободен: ТАВ Аеродром

По завршувањето на турнирот во рамки на кој ќе бидат одгирани 9 кола, ќе бидат доделени пехари и медали за трите најдобро пласирани екипи, како и индивидуални признанија за најдобар голман и најдобар стрелец.

OhridNews