Изминатиот викенд се одржа поединечно Сениорско првенство на градски стадион „Тодор Проески“ во Скопје.

Љушев со солиден настап во скокачките дисциплини далечина и трискок, додека во трката на 110 м со пречки се закити со сребрен медал освојувајќи го второто место.

Стефаноски го освои првото место во неговата дисциплина фрлање диск и повторно беше на подиумот со златен медал.

Воедно, овој натпревар беше изборен за формирање на екипата на Македонската репрезентација за претстојното тимско Европско првенство кое ќе се одржи во Марибор, Словенија од 24-26 Јуни.

Стефаноски и Стојоски ќе бидат дел од репрезентацијата за ова првенство.

OhridNews