На годинашните  регионални натпревари по  физика и хемија кои овој месец се  одржаа во просториите на охридската гимназија,  учествуваа 200 ученици  од  различни градови  од западниот дел на земјава.

Според конечните резултати, ученици кои ќе учествуваат на Државниот натпревар по физика во Скопје се Александра Китеска  – трета награда, Мартина Николовска  – пофалница, Александар Димовски – втора награда, Анастасија Игњатоска – втора награда, Сара Трајкоска – трета награда и Милијана Шулајкоска – трета награда.

Ученици кои продолжуваат на Државниот натпревар по хемија се Кирил Андоноски – прво место, Мартина Петровска  – второ место, Александра Гаврилоска – трето место, Аспасија Цветкоска – второ место, Ева Новеска – трето место, Марија Симоноска – прво место,  Билјана Ламановска – второ место и Тања Буневска  – четврто место.

OhridNews