Православните христијани на 13 јануари вечерта го одбележуваат доаѓањето на Стара Нова година – Василица. Овој ден е познат по традицијата и обичаите, како што се маскенбалите и питата со паричка. А богата понуда по повод Василица имаат и угостителските објекти во Охрид.

Реномираниот ресторан „Далга“ во центарот на градот, за Стара нова година подготви примамливо мени од 900 денари со неограничен пијалак кое содржи: салата(мешана туршија), мала баничка со праз, манастирско сирење, колбас, ребро, сланина, гарнир-тавче гравче, десерт-раванија. Сето тоа зачинето со одлична староградска музика.

Богато ваисличарско мени, весела атмосфера и многу изненадувања за посетителите нуди хотелот „Силекс“ кој е препознатлив, меѓу другото, и по традиционалнара организација на дочекот на Стара Нова година.

Традицијата вели Стара Нова година – Василица да се помине во добро расположение во друштво со добра храна, пијалак и убава музика. Затоа не пропуштајте ја одличната понуда за Василица на хотелот „Нова Ривиера“ во центарот на Охрид, кој нуди извонредно мени со традиционални национални јадења, неограничен пијалак и музика.

Добра забава за Василица најавува и Кадмо бар со маскенбал, изненадувања и настап на диџеј Гец.

За Стара Нова година, во „Куба либре“ настапува „Shine“ на познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски.


За Стара Нова година во фиш и лаунџ бар Лихнидос настапува Алекса Перовиќ.

Стара Нова година во многу охридски маала ќе биде дочекана покрај огнови во весела комшиска дружба со греана ракија, вино и добро мезе.

За многу години!

OhridNews