Продолжениот празничен викенд во Охрид нуди многу забава во популарните охридски локали, кои полека ја загреваат атмосферата за новогодишните празници.

Со голема целодневна забава, на 6 декември, петок, ќе биде реотворено реновираното Бистро „Корнер“. Од 16 до 21 часот за забавата ќе се погрижи диџеј Димитар, а од 21 часот почнува настапот на дуо „Дис“.

По повод реотворањето, во Бистро „Корнер“ промотивни цени ќе има на коктели, пива и други пијалаци.

Во петок, 6 декември, во „Куба либре“ настапува бендот „Шајн“ на извонредниот гитарист Дамјан Пејчиноски.

Забавата почнува во 22 часот.

Во фиш & лоунџ бар „Лихнидос“, во петок, 6 декември, настапува Стефан Величковски.

Забавата почнува во 22 часот.

Оваа сабота, 7 декември,  во „Ла фабрик“ уживајте во староградска музика со ансамбл „Билјана“ и специјалитети од кујната на „Топ Бургер“.

Забавата почнува во 21 часот. Резервации на: 078 500 554. Бројот на седишта е ограничен.

Во Кадмо бар, оваа сабота е ден за опуштање со „БАЛКАН ЏЕМ“ – акустик и одбрана музика од регионот. Уживањето е надополнето со одлично вино и мезе по промотивна цена.

Почеток: 22 часот. Информации и резервации: 078 288 365.
Во Куба либре оваа сабота, 7 декември, настапува Игуана бенд.

Забавата почнува во 22 часот.

Во ресторан Лихнидос, во сабота, 7 декември, настапува Селект бенд.

Забавата почнува во 22 часот.

Викенд агендата во „Скај Корнер“ е зачинета со одлична понуда. Во сабота, 7 декември од 21 часот настапува дуо „Дис“. Неделното попладне, пак на 8 декември, е резервирано за омилениот ручек со семејтсвото или пријателите во „Скај Корнер“. Овој пат, на  менито за ручек во „Скај Корнер“, внимателно креирано за сите сладокусци има: Крем салата – мариниран црн домат, киселен зеленчук, млеко, соја, пченка, Бистра зеленчукова супа, Свинска коленица со кисела зелка и Пита од јаболка. Вечерта од 21 часот во „Скај Корнер“ забава со одбрана музика и Ристе Виолинче.

Уживање со одлична музика и храна и овој викенд нуди ресторан „Бонанца“ во населбата Св. Стефан“.

Во сабота, 7 декември настапува „Премиера бенд„. Забавата почнува во 20 часот. Во недела пак, 8 декември, од 14 часот, уживајте во музиката на маестро Никола Јосифоски.

За настаните во популарните места во градот редовно информирајте се во рубриката „Што, Кога, Каде“.

OhridNews