Главниот претрес во судскиот процес против браќата Усеини, што требаше да се одржи денеска, е одложен за 26 октомври.

Причина за одложувањето беше неприсуството на обвинетиот Ибраим Усеини и главниот сведок Спиро Топаловски.

Одбраната на Ибраим Усеини образложи дека поради влошена здравствена состојба, за што беше приложена документација, обвинетиот не бил во можност да се јави на рочиштето.

Одбраната на Спиро Топалоски, пак, образложи дека сведокот не бил во можност да присуства на главниот претрес поради обврски околу сопствените деца, затоа што неговата сопруга била работно ангажирана во детска градинка и не можела да најде замена.

На судењето беше присутен обвиниетиот Нефи Усеини, актуелен советник и бизнисмен. Тој и неговиот брат Ибраим се товорат за кривично дело “насилство” за инцидентот што се случи на  18 август во кој физички беше нападнат Спиро Топалоски.

Судијата Милчо Клишески кој го води предметот, константираше дека не се исполнети условите да почне главниот претрес и судењето во консултација со ангажираните адвокати го презакажа за следниот месец.

Г.М.