Снегот и лошите временски услови го одложија мечот од италијанската Серија А, меѓу Парма и Јувентус.

Замрзнатиот терен на “Енио Тардини“ беше непремостлива пречка за фудбалерите на двата тима. Покрај овој одложен беше и мечот од Серија Б, Сампдорија – Емполи.
Тимовите кои требаше да се играт вечерва, не играат во европските купови, па така нема да биде проблем да се пронајде термин за одигрување на мечот.
Двојки : Наполи-Чезена, Интер-Палермо, Каљари-Рома, Лацио-Милан, Удинезе-Лече, Болоља-Фиорентина, Сиена-катанија, Аталанта-Џенова, Новара-Киево
Табела: Јувентус 44, Милан 43, Удинезе 38, Лацио 36, Интер 35… 
М.П.