Почетокот на фудбалското првенство на Италија што требаше да стартува овој викенд е одложено. Причина за тоа е што сопствениците на 20 италијански клубови од Серија А одбија да го потпишат понудениот колективен договор од Синдикатот на фудбалерите на Италија.
Фудбалерите поради тоа нема да истрчаат на терените викендов.
Најмногу несогласувања има околу прашањето кој ќе го плаќа данокот на солидарност, за фудбалерите со примања над 90.000 евра годишно и околу правото на фудбалерите на кои тренерите не сметаат повеќе да тренираат со првата екипа.
Усогласување околу овие две точки сеуште не е на повидок, па така кога ќе биде почетокот на првенството засега не може да се предвиди.
“извор Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com