Интернационалната тест средба која требаше Охрид да ја одигра денеска со почеток во 18 и 30 часот во „Билјанини Извори“ против екипата на Ел Весел е одложена.
Гостите од Соединетите Арапски Емирати кои се на подготовки во Струга ја откажаа тест средбата со Охрид поради многуте повреди во ростерот.
Охриѓани ќе продолжат со редовните тренинзи и ќе се подготвуваат за мечот со Борец во Велес кој следува викендов.
OhridNews