НУЦК „Григор Прличев“ Охрид информира дека се одложуваат предвидените кино проекции.

Поради прогласена тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија се одложуваат кино проекциите за филмот „Брат ми брка диносауруси“ (Mio Fratello Rincorre Dinosauri). Проекции требаше да има вечерва и во четврток (24.11.2021), информираат од НУЦК Центар за култура „Григор Прличев“. 

OhridNews