Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, причина за одложувањето е редовното сервисирање на опремата. Оттаму објаснуваат дека штом заврши постапката за сервисирање на опремата акцијата ќе започне и дека најверојатно тоа ќе биде во декември.
Во втората фаза од акцијата за чистење на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства од дното на езерото, која се реализира во април годинава, од страна на екипите за подводно деминирање на Дирекцијата за заштита и спасување, беа извадени над 8, 6 тони неексплодирани средства.
Акцијата, чија прва фаза се спроведе минатата година, се изведуваше со финансиска поддршка на американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“ од Словенија.
При извлекувањето на средствата беше користена специјална опрема за подводно детектирање и извлекување на опасниот материјал. Опремата која беше користена во првата фаза подоцна беше надополнета и со два подводни детектори и мамут пумпа за поефикасно лоцирање и вадење на неексплодираните убојни средства.
Во првата фаза од акцијата, која започна минатата година, од Охридското Езеро беа извадени 7.3 тони неексплодирани убојни средства, што датираат од периодот на Балканските и двете светски војни. Опасниот материјал беше уништен на воениот полигон „Криволак“.