Во врска со претходно закажаната јавна расправа за предлог измените на Законот за угостителска и туристичка дејност, а поради неодложни обврски на претставниците на Министерството за Економија-секторот за туризам и угостителство, од локалната самоуправа информираат дека се одложуваат јавните расправи за измените на Законот за туристичка и угостителска дејност.

Предвидената Јавна расправа која требаше да се одржи денес, истата се презакажува  за 08.03.2018 год. (четврток) со истите термини и локација.

На дневен ред ќе бидат: Предлог измена и дополна на Законот за туристичка дејност, Предлог измена и дополна на Законот за угостителска дејност, Предлог измена и дополна на Законот за такса за привремен престој, Предлог мерки и активности за проблемите со кои се соочува туристичкото стопанство и подобрување на условите за патување на луѓето.

OhridNews