Лошото време надополнето со обилни врнежи на дожд одложи мечеви во англиската Премиер, германската Бундес и белгискиот шампионат.

Во најквалитетната лига во Англија одложен е натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Вест Хем на „Етихад“ стадионот, додека во Германија одложена е средбата Борусија Менхенгладбах – Келн.

Во Белгија нема да се одигра средбата Вестерло – Локерен.

Бурата под името „Сиера“, не направи проблем само на фудбалски терени, туку и низ улиците во одредени градови оштетувајќи покриви од здрави и куќи.

OhridNews