Охрид`04 во новото првенство ќе се натпреварува во младинска и кадетска конкуренција. Младинците ќе ги предводи Борче Џајкоски, додека со кадетите ќе работи Ѓоце Крстаноски. “Белите“ во првото коло ќе се сретнат со тимот на Цементарница.

Комесарот за натпревари при ФФМ согледувајќи ги временските прилики и високите температури во попладневните часови кога треба да стартуваат дуелите во пионерска, кадетска и младинска конкуренција ( 15 и 17ч) и на барање на дел од клубовите донесе одлука да го пролонгира стартот на првенството во овие категории.

ОД ФФМ велат дека за новите термини клубовите ќе бидат дополнително известени.

Ohridnews