Одложениот дерби натпреварот помеѓу екипите на ГКК Охрид и КК Вардар во рамките на 10-то коло од Првата лига мажи ќе се одигра денес во С.Ц „Билјанини Извори“ – Охрид со почеток во 13 часот.

Дерби исполнето со ривалство, страст и желба за победа! На теренот нè очекува максимален ангажман, а на трибините – вашата поддршка која ни дава сила да одиме чекор понатаму! Да ја наполниме салата и заедно да ја бодриме нашата екипа до победа, порачуваат од клубот.

Натпреварот првично беше закажан на 21 декември, но беше одложен поради ALL STAR настан организиран од Кошаркарската федерација на Македонија.

OhridNews