Судијата Милчо Клишески побара да се провери веродостојноста на медицинската белешка која и овојпат беше потпишана од истиот доктор кој претходно неколку пати по ред ги оправдуваше отсуствата на обвинетиот и сведоците на одбраната. Судскиот совет предупреди, во иднина да не се користат слични изговори поради кои доаѓа до одлагање на рочиштата.
Незадоволство од одложувањето на рочиштето искажа и полномошникот на оштетените, адвокатот Татијана Попоски.
Во глисерската несреќа која се случи во 2009 година, животот го загуби скопјанката Ирина Романова- Муцунска. По низата одлагања на рочиштата и поради промена на судскиот совет, судскиот процес одново започна пред два месеци. На повторениот главен претрес обвинетиот Кристијан Шапкар се бранеше со молчење а пред судијата се изјасни за невин.