Обвинетите Никола Груевски и Миле Јанакиески, вo понеделник нема да седнат на обвинителна клупа за првото обвиниение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за насилните протести во Општина Центар, а рочиштето е одложено за 16-ти декември, пет дена по изборите.

Имено, како што соопшти судот, адвокатското друштво Никола Додевски со писмен поднесок го известило Основниот суд Скопје 1 – Скопје дека адвокатот Никола Додевски бранител на второобвинет во предметот во врска со настаните пред Општина Центар, за кој главната расправа е закажана за 21.11.2016 год. е спречен да присуствува на закажаната главна расправа.

Инаку, за закажаната главна расправа, преку соопштение на веб страната на судот, јавноста беше информирана уште на 29.09.2016 година кога беа испратени и поканите до странките, но со оглед на поднесокот на адвокатот Додевски, а имајќи го предвид и фактот дека за седмо и десето обвинетиот, од 14 обвинети опфатени во предметот, се уште не е добиена повратница дека го примиле обвинителниот предлог и поканата, судечкиот судија кај кој беше распореден предметот, по службена должност, ја презакажа главната расправа за 16.12.2016 година, за што ги извести странките.

OhridNews
извор Макфакс