
Новото вештачење беше побарано од страна на судот, на последното судско рочиште кое се одржа на почетокот на март 2012 година. Со новото вештачење треба да се утврди дали обвинетиот Кристијан Шапкар, консумирал алкохол пред или по несреќата.
Оваа судска одлука беше донесена откако Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје во дополнението на вештачењето не дала прецизни показатели за овие околности со образложение дека не постои соодветна и точна метода која може да се употреби за оваа намена.
Инаку во своето сведочење пред судот, обвинетиот тврдеше дека се напил алкохол по несреќата.
Глисерската несреќата се случи на 22 август 2009 година, непосредно пред влезот на каналот Студенчишта, кога глисерот „бомбардиер“ на Шапкар се судрил со глисерот на Муцински, „регал“.












