Судското рочиште за глисерската несреќа во која животот го загуби скопјанката Ирина Романова- Муцинска, закажано за денес повторно одложено.

Денес пред судот се појави обвинетиот Кристијан Шапкар, но не и неговиот нов бранител, адвокат Надица Димитрова од Скопје, која поради работни обврски не дојде на денешното рочиште. Шапкар пред неколку дена го отповикал полномошното дадено на неговиот, до неодамна адвокат Емил Балабан и назначил нов бранител, адвокат од Скопје. 

Назначувањето на нов бранител на обвинетиот беше изненадување и за оштетената страна со оглед на тоа дека Балабан како бранител на обвинетиот учествувал од почетокот на судскиот процес, како во истражната постапка така и во фазата на главниот претрес.

Следното рочиште е закажано на 21 ноември.

Во глисерската несреќа која се случи во 2009 година, животот го загуби скопјанката Ирина Романова- Муцунска. По низата одлагања на рочиштата и  поради промена на судскиот совет, судскиот процес одново започна пред  три месеци. На повторениот главен претрес обвинетиот Кристијан Шапкар се бранеше со молчење, а пред судијата се изјаснa за невин.

OhridNews