Судското рочиште за глисерската несреќа во која животот го загуби скопјанката Ирина Романова- Муцинска, закажано за денес повторно одложено.

Денес пред судот се појави неодамна назначениот нов бранител на обвинетиот Кристијан Шапкар, адвокат Надица Димитрова од Скопје, која пред судот даде  објаснување дека обвинетиот не може да присуствува на рочиштето поради здравствени причини.

Судскиот процес за глисерската несреќа која се случи во 2009 година, започна на 13 мај 2010.   Од вкупно закажани 15 рочишта, повеќе од половината беа одложени по барање на одбраната.

Поради низата одлагања на рочиштата и  поради промена на судскиот совет, судскиот процес одново започна пред  четири месеци. На повторениот главен претрес обвинетиот Кристијан Шапкар се бранеше со молчење, а пред судијата се изјасна за невин.

OhridNews