За денес закажаното рочиште од судскиот процес за бродската несреќа на бродот “Илинден”, се одложи.

Вештото лице Игор Ѓурков, денес од судот побара дополнителен период за комплетирање на наодите од дополнителното вештачење на системот за управување со бродот “Илинден”.

Застапникот на оштетената страна, пак побара да се изнесе како доказ и преведи на германски јазик, правилникот за работа на бродскиот регистер- германски “Лојд “кој ја вршел техничката контрола на бродот “ Илинден”, како би се видело кои биле должностите и обврските на “ Лојд”.

Димитрија Цобоски, правниот застапник на првообвинетиот Сотир Филески, побара да се види дали постои посебно овластување издадено од страна на Владата на РМ на германски “ Лојд”, врз основ на кој бил извршен технички преглед на бродот и издаден сертификат во 2006 година. 

Следното рочиште е закажано на 6- ти јуни.

Бродот „Илинден“ потона на 5 септември 2009 година, на околу 300 метри од брегот на Охридското Езеро, во близина на авто кампот „Елешец“. Притоа животот го загубија петнаесет туристи од Република Бугарија.

OhridNews