Одложено уште едно рочиште од судскиот процес за глисерската несреќа
18.10.10 15:41
Втор пат едно по друго е одложено рочиште од судскиот процес за глисерската несреќа, што минатото лето се случи во Охридското Езеро. Причина за денешното одложување, како што информираат од Основниот суд во Охрид, е тоа што Клиниката на невропсихијатрија во Скопје сеуште го нема завршено потребното вештачење врз охриѓанецот Христијан Шапкар (31), кој е обвинет дека ја предизвика несреќата, во која животот го загуби скопјанката Ирина Романова-Муцунска (39).
Како причини за одложување на денешното рочиште беа наведени и обврските на адвокатот на обвинетиот Емил Балабан, и неприсутвото на адвокатот на тужителот Татјана Попоски.
На следното рочиште, кое е закажано за 15 ноември треба да бидат сослушани сведоците на одбарната и да биде разгледан и извештајот на Клиниката на невропсихијатрија во Скопје, за состојбата на обвинетиот, кој се товари за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Глисерската несреќа се случи на 22 август 2009 година, непосредно пред влезот на каналот Студенчишта.
По петдневна активна работа во Трпејца, денеска беше заокружено осмото издание на Меѓународната уметничка колонија ТРПЕЈЦА 2025 во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ а под покровител...
Ноќеска во 02 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишно лице од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот ...
Времето денеска наутро посвежо, преку денот сончево и топло Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец Максимапната температура во Охрид ќе достигне 27 степени И во понеделник не очекува стабилно...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.