Судскиот процес за глисерската несреќа, во која животот го загуби скопјанката Ирина Романова – Муцинска (39), што се води во Основниот суд во Охрид денес повторно беше одложен.
Причина за одлагањето на денешното рочиште беше непојавувањето на обвинетиот Христијан Шапкар, кој како што беше речено, од здравствени причини не бил во состојба да присуствува на судењето.
Неговата сопруга приложи лекарски извештај за здравствената состојба издаден од матичниот лекар, Д-р Трпко Угриноски. На денешното рочиште исто така од здравствени причини не присуствуваше и сведокот Ѓоко Крстески.
Следното рочиште е закажано за 25 март 2011 година на кое покрај сведоците ќе биде повикан и матичниот лекар на обвинетиот. Исто така за следното рочиште ќе биде побарано од ПМФ во Скопје да достави извештај за временските услови на денот на несреќата.
Глисерската несреќа се случи на 22 август 2009 година во близна на каналот Студенчишта.
Старото пристаниште во центарот на Охрид вчера го заплиска бран позитивна енергија што традиционално ја носи културната манифестација „Ој љубов, љубов“ Стотици луѓе, голем дел од нив млади, со кајч...
На црковна церемонија што се одржува во храмот Св Софија во Охрид, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го востоличи новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епарх...
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид го пречека претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој престојува во работна посета на Македонија Особено ми е ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.