Судскиот процес за глисерската несреќа, во која животот го загуби скопјанката Ирина Романова – Муцинска (39), што се води во Основниот суд во Охрид денес повторно беше одложен.
Причина за одлагањето на денешното рочиште беше непојавувањето на обвинетиот Христијан Шапкар, кој како што беше речено, од здравствени причини не бил во состојба да присуствува на судењето.
Неговата сопруга приложи лекарски извештај за здравствената состојба издаден од матичниот лекар, Д-р Трпко Угриноски. На денешното рочиште исто така од здравствени причини не присуствуваше и сведокот Ѓоко Крстески.
Следното рочиште е закажано за 25 март 2011 година на кое покрај сведоците ќе биде повикан и матичниот лекар на обвинетиот. Исто така за следното рочиште ќе биде побарано од ПМФ во Скопје да достави извештај за временските услови на денот на несреќата.
Глисерската несреќа се случи на 22 август 2009 година во близна на каналот Студенчишта.
Земјотрес со јачина од 2,3 степени е регистриран попладнево во 13:30 часот во близина на Охрид Според податоците на Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) земјотресот бил на 14 километри ист...
Од 4-ти до 8-ми ноември во НП Галичица ќе биде реализирана едукативна недела во рамки на која секој ден ќе биде опфатена различна тематска содржина Едукативната недела започнува со “Истражува...
Со решение на министерот за култура и туризам Зоран Љутков од денеска и официјално вд директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ е Христина Трпеска и досега вработена во установата како библиотекар...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.