Двете одложувања на стартот на шампионатот не го помати сметките на кошаркарите на Лихнидос. Напротив охриѓани дополнителните денови ги искористија за пријателски натпревари и подигнување на формата на повисоко ниво пред стартот на дебитанската сезона во втората лига.


– Поради ненавремената трансформација на прволигашите во Акционерски друштва одложувањето беше неминовно. На последниот состанок во Кошаркарската федерација на Македонија решија новата сезона да започне викендов. Нам одложувањето добро ни дојде, одигравме два пријателски натпревари и ги видовме недостатоците во играта кои треба да ги поправиме – потенцираше тренерот на охриѓани Балазоска.


Охридскиот второлигаш Лихнидос премиерата во првенството ќе ја има на домашен терен против тимот на Неготино.

Мх.П.