Викендов охриѓани и туристите имаа можност да видат 40-тина олдтајмери од различни автомобилски марки.

Возилата кои беа изложени кај градското пристаниште и плоштадот „Чинар“, го привелкоа вниманието на гостите кои престојуваат на ривиерата.

Исто така, изложбата која имаше меѓународен карактер, ја посети и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Кога ќе ги погледнеме овие возила и елеганцијата со која зрачат секако дека ќе не потсетат на убавината на Елизабет Тејлор и привлечноста на Мерлин Монро , или на гласот на неповторливата  Марлен Дитрих, но и на танцот на Џон Траволта како и  на жестокоста на Бони и Клајд. Вечерва мора да го споменам и охриѓанецот Ѓоре Пирузе, тоа е човекот кој прв донел автомобил во Охрид  и тоа возило од марката Рено.“ – рече Бакрачески.

Покрај изложбениот дел, вљубениците на олдтајмерите имаа можност да го проследат и ревијалното возење до комплексот Св. Наум, односно до хотелот Инекс Горица.

Инаку, оваа несекојдневна изложба која за прв пат се одржува во Охрид е во организација на Охридската локална самоуправа и АКК „Примо авј“ од Скопје.

OhridNews