За ДУИ нелегитимна е одлуката на претседателот Иванов за аболиција на сите политичари и од власта и од опозицијата против кои се водат постапки поврзани со прислушуваните разговори. Лидерот на ДУИ Али Ахмети е загрижен од потегот на претседателот кој неговата парија не го признава затоа што тоа не значи крај на политичката криза, пред се затоа што е донесен без воопшто да бидат консултирани четирите партии потписнички на Договорот од Пржино.
“Сметам дека одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и една таква одлука од т.н. претседател, нелегитимен претседател, за нас нема легитимност“.
Ахмети ова им го соопштил и на претседателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор со кои се сретна вечерва во Скопје. Лидерот на ДПА Мендух Тачи не сакаше да ја коментира одлуката на Иванов, иако неформално вели дека не е исклучено Иванов да се решил на ваков чекор во договор со ВМРО-ДПМНЕ. По средбат со двајцата претседатели кусо рече:
“Тие се загрижени за политичката криза во Македонија.
Очекувате ли крај на кризата?
„Не.“
Китаровиќ и Пахор разговараа и со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој им го кажа ставот кој претходно го соопшти од неговата парија. Претседателите на Хрватска и Словенија беа изненадени откако на закажаната средба не дојде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Двајцата шефови на држави го чекаа речиси еден час, но никој не објасни зошто не дојде. Тие пристигнаа во Скопје најверојатно без да очекуваат ваков драматичен развој и кулминација на политичката криза. Пахор само ни посака среќа.
Извор: „Телма“
Иванов прогласи прекин на сите судски постапки против политичарите во Македонија