Службен весник на Република Македонија потврди дека во денешниот број е објавена одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на македонскиот Законодавен дом. Со ова Џафери и официјално ја презема функцијата. За изборот на Џафери на 27-ми април гласаа пратениците од СДСМ и партиите на македонските Албанци.

Според ВМРО-ДПМНЕ изборот на Џафери за претседател на собранието е нелегитимен и со него е прекршен собранискиот Деловник, законите и Уставот.

OhridNews