Проектот, на кој се работеше неколку години и помина низа различни фази, од македонска страна беше работен од страна на Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат и член на Дрим Кор Групата.
– Ова е победа на посветеноста и работата. Верувам во капацитетите дека проектот ќе биде успешно спроведен, затоа што во него ќе учествуваат стручни лица од институции и од граѓанскиот сектор. Сето тоа ќе придонесе да се постигне целта за квалитетно управување на Дрим и езерата и да се оствари бенефит за населението. Лично сум задоволен што идејата и мојата мисија конечно се исполнети и изразувам благодарност до сите што помагаа и веруваа, изјави Паноски по објавување на одлуката за одобрување на имплементацијата на проектот.
Проектот предвидува фаза на подготовка од 6-8 месеци и главна фаза од 48 месеци. Грантот е предвиден на сума од 4,5 милиони евра за сите држави во басенот.