Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, започна со реализација на регионалните проекти за 2018 година, одобрени од страна на Владата на РМ, во рамките на Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална смаоуправа, односно Бирото за регионален развој.

Трите одобрени проекти се во вкупна вредност од околу 26 милиони денари, и со нив ќе се изведуваат зафати за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во четири општини, изведба и реконструкција на патна инфраструктура во три општини, и подготовка на техничка документација за линиска инфраструктура во шест општини, што му припаѓаат на Регионот, информираат од Центарот за развој на југозападниот плански регион.

Воведувањето во работа на економскиот оператор, што ќе работи на подобрување на енергетската ефиканост на Објектот на заедницата во Волино, Општина Дебрца, ќе се означи утре, 15 август, во 12 часот, пред Објектот на заедницата.

Се очекува, преку поголемиот број на зафати, во следниве три месеци објектот целосно да биде реконструиран и ставен во функција за потребите на месната заедница од ова населено место, а за што ќе бидат инвестирани 2,8 милиони денари.

Во рамките на проектот за подобрување на енергетска ефикасност зафати ќе се вршат и во Детската градинка Развигорче во Охрид, Детската градинка 8 март – Пеперутка во Струга и јавниот објект наменет за потребите на Општина Кичево, отстапен од АРМ. За планираните зафати, во сите општини, ќе бидат инвестирани  11,6 милиони денари.

OhridNews