
Санадер беше уапсен вчера во Австрија врз основа на меѓународна потерница распишана од Хрватска, каде што е обвинет за корупција додека бил на чело на владата.
Истражниот судија пред да го упати Санадер во затворската ќелија, го запрашал за неговиот идентитет и за обвиненијата кои се подигнати против него.
Како што пренесе хрватската државна агенција Хина, екстрадикиониот притвор на Санадер ќе му трае најмалку две недели.












