Охридските ракометари во седмата рунда од Супер лигата ќе одиграат нова дерби средба, а противник ќе им биде составот на Прилеп.
„Гладијаторите“ се во добра и позитивна серија во ракометна елита, откако на последните четири мечеви забележаа три победи и реми.
Прилепчани сами по себе се незгоден противник, а и пласманот на табелата го покажува тоа. „Жолтите“ заостануваат само од Пелистер и Охрид кои се водечки екипи во Супер лигата.
Мечот во охридската арена Билјанини Извори се игра в сабота со почеток во 18 и 30 часот, а билетот за влез чини 30 денари.
Покрај дуелот Охрид – Прилеп во седмата рунда ќе се сретнат Металург 2 – Вардар Јуниор, Работнички – Пролет, Радовиш – Еурофарм Работник, Борец – Пелистер.
OhridNews