Денес во спортската сала “Билјанини Извори” се одржа ждрепка за групите на третиот по ред хуманитарен турнир во футсал “Ohrid Freed”.

Турнирот во новото издание ќе се игра во четири групи по три екипи, секој со секого, и потоа по принцип на елиминации прво и второ пласираните ќе играат до самото финале, информира Тони Илијоски од организацискиот одбор. Тој ги запозна учесниците со правилата и прописите кои ќе важат на турнирот.

Група А
1. Гостилница Кај Мече
2. МАГНА
3. ЈП Колекторски систем Охрид и ЈП Нискоградба Охрид

Група Б
1. Инекс Олгица хотел и спа
2. ЧАРДАК Велгошти
3. ЈП Охридски Комуналец

Група В
1. Провелд
2. Гранит Х
3. ТАВ Македонија

Група Г
1. АСП ПАК
2. КОСТАЛ Македонија
3. Општина Охрид

Во елиминациска фаза ќе вкрстува групата А со групата Г, односно групата Б со групата В се до самото финале.

Термините и деновите за одигрување на натпреварите дополнително ќе бидат објавени.

Г.М.