Одредени се селекциите кои ќе бидат носители во групите на Светското првенство во Бразил. Единствена енигма е дали ќе биде Уругвај или Холандија бидејќи првакот од Јужна Америка мора да мине низ баражот против репрезентацијата на Јордан.
Во првиот шешир се наоѓаат Светскиот првак Шпанија, Аргентина, Германија, Швајцарија, Белгија, Колумбија и Бразил. Вториот го сочинуваат репрезентаците на САД, Костарика, Хондурас, Мексико, Нов Зеланд, Иран, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.
Од третиот барабан ќе се влечат репрезентациите на Гана/Египет, Нигерија/Етиопија, Буркина Фасо/Алжир, Брегот на Слоновата Коска/Сенегал, Тунис/Камерун, Чиле и Еквадор.
Последниот шешир го исполнуваат селекции кои доаѓаат од Европа, а тоа се Англија, Италија, Русија, БиХ и победниците од бараж средбите.
Мх.П.