Одредена е листата на кандидатите за најдобар фудбалер во Премиерлигата. Во потесениот круг се Серхио Агуеро, Робин ван Перси, Вејн Руни, Џо Харт, Скот Паркер и Давид Силва.

Најмногу шанси му се даваат на Ван Перси кој во оваа сезона постигна 27 гола и имаше 12 асистенции. Руни погоди 24 пати, додека Агуеро  постигна 21 гол.

Аргенитнецот Агуеро е кандидиран за најдобар млад фудбалер во лигата. На листата уште се Герет Бејл, Кајл Вокер, Алекс Ок Чемберлен, Даниел Стариџ и Дени Велбек.

Ohridnews