Финалистите на последниот светски шампионат Шпанија и Холандија ќе им се приклучат на домаќините Полска и Украина во првиот шешир за ждребката на Европското фудбалско првенство која на 2 декември ќе се одржи во Киев.

Домаќинот Полска ќе биде сместен во А групата, како А1, додека Украина ќе биде во Д групата како Д1.
Распоред на шеширите:
Прв : Шпанија, Холандија, Полска и Украина.
Втор: Германија, Италија, Англија и Русија
Трет: Хрватска, Грција, Португалија, Шведска.
Четврт: Данска, Франција, Р.Ирска и Чешка.
Ohridnews