Во охридската Библиотеката „Григор Прличев“ денес се одржа книжевен портрет посветен на професорот Димитар Пандев, минатогодишен добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга во 2021 за делото „Времето на Конески“.
Директорот на Установата, Милчо Јованоски истакна дека Библиотеката од 2018 година воведе прогласување на почесни членови, личности од Охрид и Македонија кои ја задолжиле библиотеката со своето творештво и соработката.
Во тој ранг на 10-тина македонски автори од денеска се вклучува и професор д-р Димитар Пандев, кој на македонската јавност и е познат освен како научен работник и доктор по филолошки науки, еден од најредовните учесници на семинарот за Македонски јазик, охриѓанец, рече Јованоски, додавајќи дека Пандев, го препознаваме по она што го пишува, по прозата.
Овој портрет е резултат на долгогодишна активност на Пандев во Библиотеката, затоа што тој започнал со јужниот бран во Охридската гимназија, потоа преминал во литературните дружини на Библиотеката, во времето кога беше во стара зграда, од каде се раѓаат и такви спомени. Истовремено, а можеби и најбитното, тој е наш соработник во последните години. Овој настан е одбележување на таа врска и симбиоза меѓу Григор Прличев и Димитар Пандев, двајцата охриѓани, а денеска е 25 март, денот кога се одбележува овенчувањето на Прличев со ловоровиот венец во Атина, додаде Јованоски.

Се тоа што го имам внесено во прозата на извесен начин се потпира врз определени теми на вистината на лингвистиката, рече Пандев.
Потенцираше дека поемата „Глаговидни песновиденија“ е замислена како студија за глаголицата која сеуште не ја напишал до се надева дека наскоро ќе биде готова.
За неговиот животот и творештвото говореа поетот Славе Ѓорѓо Димоски, професор Татјана Дурнева и Милчо Јованоски, а извадоци од неговите дела прочита средношколката Ана Бачиќ.
Н.С.Ј.













