Во рамките на програмата „Културата расте со децата“, во организација на Општина Охрид, се одржа првиот Детски фолклорен фестивал „Бранови“, по повод Меѓународниот ден на фолклорот.
Преку песна, оро и прекрасни народни носии, најмладите ја претставија богатата македонска фолклорна традиција и покажаа дека нашето културно наследство има сигурна иднина. Со ваквите настани создаваме простор децата уште од најрана возраст да ја запознаваат, почитуваат и продолжуваат традицијата што нè определува, велат од Општина Охрид.
Потенцираат дека културата навистина расте со децата, а заедно со нив растат љубовта кон фолклорот, чувството на припадност и почитта кон нашите корени.
OhridNews














