Под мотото “Играј и ти“  се реализираше заедничкиот проект турнир на Кока-кола и проектот Отворени забавни фудбалски школи,  кој за првпат се одржува во Македонија. Охрид е еден од осумте градови низ Македонија кои ја имаа привилегијата  да бидат организатори на овогодинешниот  Кока-кола куп.

Со многу забава, фудбал, натпреварување и дружење полни 2 часа учесниците на овогодинешниот куп не го забележаа дождот кој на моменти се обиде да ја расипе забавата, вака покрај освежувањето од Кока-кола, дождот дополнително ги освежи учесниците.

Натпреварувачкиот дел од купот се одвиваше во најдобар ред, во првото коло се одиграа натпревари помеѓу ОУ,,Св.Климент Охридски,,и ,,Григор Прличев,, кој го добија основците на ,,Св.Климент Охридски,, .Во исто време се одвиваше натпреварот помеѓу ,,Христо Узунов,,и Братство Единство,,на кој подобар противник беше ,,Христо Узунов,,.

Во финалето на основците се сретнаа ,,Св.Климент Охридски,, и ,,Христо Узунов,, каде учениците од под калето беа победници на првиот Кока-кола куп за основците. Во борбата за третото место подобри беа ,,Григор Прличев,,кои ја победија екипата на ,,Братство Единство,,

Среднистите пак прикажаа добар фудбал на моменти проткајан со фер плеј елементи, први одиграа ,,Угостителите,, со ,,Економистите,, на кој по почетниот шок ,,угостителите,, брзо се созедоа и со пресврт дојдоа до првата победа .Во вториот натпревар се сретнаа ,,Гимназијалците,,и ,,Машинците,, натпревар кој ,,гимназијалците,, лесно го добија.

Финалето почна веднаш по завршување на овој натпревар и по почетното испитување на силите ,,угостителите,, дојдоа во предност која успејаа до крајот на натпреварот да ја зголемат и со тоа да победат на првиот Кока кола куп во Охрид.

На натпреварите се приклучи и екипа од Црвениот крст на Охрид  која имаше забележителен настап на овогодинешниот куп.

Во весела и забавна атмосфера каде резултатот беше во втор план царуваа фер плејот и дружењето.Со овој проект се промовираа позитивните вредности и придобивки од спортувањето,но и се подгрева атмосферата пред престојното ЕП.

ohridnews