Во организација на АФМ (Атлетска Федерација на Македонија) Охрид изминатиот викенд ,беше домаќин на Семинарот за атлетски судии. Околу 70 учесници, поголем број активни и поранешни атлетичари учествуваа на семинарот кој го отвори претседателот на Атлетската федерација на Македонија, Цветко Грозданов.


Покрај разговорот на актуелните теми, цел на гостувањето на проф. Д-р Апостол Славчев пренесувањето на искуствата на бугарската судиска организација.
– Овај семинар е и во правец на следење на трендовите на атлетските случувања. изјави проф. Д-р Апостол Славчев. Идејата е да се воспостават подобри контакти, како и олеснување на македонските колеги за што подобро организарање на натпревари. Пријатно сум изненаден од интересот кој го пројавија колегите.

– По организацијата на овај семинар, цел на новото раководство во Федерацијата ќе биде организирaње на семинар за атлетски тренери. Инвестирањето како во инфраструктурата (атлетски стази, терени) така и човечките ресури е примарна цел. Еден од идејни проекти е комплетно реконструирање на атлетската патека на “Билјани Извори“ – вели Грозданов.











