Денес во ОУ „ООУ Братство Единство“ Охрид се одржа X Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2025 кадети на кој учество земаа ученици од 6 до 9 одделение од основните училишта од Општина Охрид во организација на ШК Ласкер Охрид.
Учесниците беа поделени во две категории момчиња и девојчиња, од кои во машка конкуренција беа пријавени 32 ученици, додека во женска 13 ученички. Турнирите се играа во 6 кола по Швајцарски систем.
Резултати по категории:
- девојчиња
1 место Ивана Момироска, ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид
2 место Јована Котушеска, OOУ „Григор Прличев“ Охрид
3 место Јана Мицеска, OOУ „Григор Прличев“ Охрид - момчињата:
1 место Јован Пуроски, ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид
2 место Павел Мишески, OOУ „Св. Наум Охридски“ Пештани
3 место Михаил Шапкароски, OOУ „Живко Чинго“ Велгошти
Учениците обезбедија учество на Државниот натпревар во шах за учениците од основните училишта кој е во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија.
Турнирот е во согласнот со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, а финансиски подржан од Општина Охрид.
OhridNews
















