Oдржан X Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2025 во ООУ „Братство Единство“ Охрид. На турнирот во организација на ШК Ласкер Охрид и со финансиска поддршка од Општина Охрид учествуваа учениците од средните училишта од Општина Охрид.
Учествуваа шест ученици, пет момчиња и едно девојче. Турнирот се играше во 5 кола по Бергер систем, односно секој со секого, велат од ШК Ласкер Охрид.
Освоени медали на X Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2025 – младинци:
- 1 место Михаил Николовски, ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид
- 2 место Елена Лушеска, ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид
- 3 место Ахмед Сулејман, ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.
Учениците, посочуваат од клубот, обезбедија учество на Државниот натпревар во шах за учениците од средните училишта кој е во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија.
OhridNews

















