Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа јавна дебата чија тема беше дефинирање на приоритетите пред објавување на јавен повик за граѓаниските организации.
Како предлог приоритети беа издвоени „Младински активизам и пратиципација“, „Родова еднаквост, економска и социјална инклузија“ и „Туризам, заштита на животната средина и култура“. Овој, нов пристап на Локалната самоуправа, подразбира објавување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои ќе треба да изготват предлог проекти во дадената област, информираат од Општина Охрид.
Понатака, додаваат, проектите ќе бидат оценувани од страна на комисија и на крај се врши финансирање од буџетот на Општина Охрид.
Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резулатати за локалното население, потенцираат од Општина Охрид.
На дебатата учествувале претставници на 12 организации.
OhridNews













