Во хотел Амбасадор се одржа хуманитарната „Тортијада“- Сите за Сара, на која учествуваа жени аматерки и слаткарници.

Во категоријата професионалци, прво место освои слаткарница Гордана со тортата Шанел, второ место Жито леб со тортата Мече, трето место Анабела со тортата Сладок сендвич.

Во категоријата аматерки: прво место Даница Филева со тортата Мече, второ место Валентина Адамова со тортата Мистер и мисис Хепи и трето место Светлана Донева со тортата Бидермаер.

Дел од парите од нафрадите, како и собраните средства од продажбата на тортите се наменети за лекувањето на Сара Настеска.

Покровител на годинешната Тортијада беше Илија Велјаноски.

OhridNews