Од страна на експерти за животна средина,односно изработувачот на студијата, беа презентирани потенцијалните значајни влијанија на предложениот проект, врз определени области и медиуми на животната средина. Истакнато беше дека вообичаена пракса е да се земат во предвид и содејствата на прикажаните влијанија (кумулативните влијанија).Поради тоа што се работи за нов линиски објект кој единствено ќе го надополни и подобри инфраструктурното поврзување на Југозападниот дел на Р.Македонија, треба да се напомене дека нема да има содејство на утврдените влијанија и појава на кумулативни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето.
За обезбедување на правилен развој на регионите низ кој поминува проектираната траса на автопатот К8, а со цел да се намалат можните негативни ефекти врз животната средина, локалното население од социјален и економски аспект, потребно е инвеститорот /изведувачот да постапи по насоките предвидени во Студијата.
Идејата за автопатско поврзување на Охрид е актуелна повеќе години, но овој амбициозен проект се уште е на почеток од реализација.