Jавна расправа за влијанието врз животната средина од изградбата на автопатот А2 – делница Кичево- Требеништа и на автопатот А3 – делница крстосница Подмоље – Охрид, се одржа денеска во општина Дебрца.

Од страна на експерти за животна средина беа презентирани мерките со кои ќе се намали влијанието врз животната средина од изградбата на споменатата делница од автопатот.

На јавната расправа се обрати и градоначалникот на Дебарца, Игор Трајкоски, кој го истакна значењето од изградбата автопатот, како за општината, така и за целата држава.

Идејата за автопатско поврзување на Охрид е актуелна повеќе години, но овој амбициозен проект се уште е на почеток од реализација.

OhridNews