Едриличарите се натпреваруваа во олимписките класи Ласер стандард, Ласер радијал, Ласер 4.7, Фин, Европа, како и најмалата класа Оптимист. Од оптимистите најдобар беше Димитар Поп стефанија од ЕК „Стрмец“, второто место му припадна на Илче Грунчев од ЕК „Бофор“ од Охрид, додека трет беше Златко Златески од Е.К „Снегар“ од Струга. Слабиот ветер со константен правец и јачина не беше причина едриличарите да не покажат солидни резултати, истакна Влатко Кавај од ЕК „Стрмец“. Кавај додава дека денешните регати ќе бидат добра подготовка за претстојните учества од меѓународен карактер.Останати резулати:
Класа Оптимист јуниори
Илче Грунчев Бофор
Златко Златески Снегар
Димитар Поп Стефанија Стрмец
Европа
Кире Митрески
Агим Фејзулоски
Љупчо Кочески Снегар
Фин
Иван Андреески
Сенад Љушкоски Снегар
Ласер Стандард
Љубиша Милески Бофор
Димитар Шаторошки Снегар
Халил Љушкоски Снегар
Ласер Радијал
Ердал Љушо
Марјан Грданоски Снегар











