Во насока на развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост во економските процеси, Општина Охрид успешно ја реализираше oбуката за поддршка на жени претприемачи, согласно објавениот Јавен повик.
Во обуката беа вклучени жени и девојки од Охрид кои имаат намера да започнат свој бизнис или веќе водат сопствен бизнис не подолго од три години. Неколкудневната обука се реализираше во просториите на Касарна-Хаб, а нејзината цел беше да ги унапреди капацитетите на жените преку стекнување на нови знаења и практични вештини во областа на деловното планирање, управување и претприемништво, информираат од Општина Охрид.
На пет учеснички на обуката, посочуваат, им беа доделени посебни сертификати за претприемништво, со кои ќе може да продолжат со следната фаза – Обука за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени.
Општина Охрид преку Програмата за локален економски развој ќе продолжи и во иднина активно да работи на поттикнување на женското претприемништво, како важен двигател на инклузивниот економски раст, создавање на нови работни места и подобрување на животниот стандард, додаваат.
OhridNews