Денеска локалниот Совет на млади од општина Охрид ја одржа 5-тата редовна седница, на која се дискутираше за тековните работи и за активностите кои ќе се преземаат во идниот период.
По иницијатива на Советот , а преку Секторот за туризам и локален економски развој и Одделението за образование при општина Охрид, во среда од 12 часот во малата сала ќе биде спроведена работилница за изработка на проекти.
„Ова е еден од начините младите од Охрид да бидат оспособени за осмислување и реализација на проекти со кои во иднина ќе можат да аплицираат до финансиски средства кои се обезбедуваат од странски фондации.“ – велат од локалниот Совет на млади.
Исто така, по иницијатива на локалниот Совет на млади, во иднина ќе биде потпишан меморандум за соработка со Советот на млади од општина Штип.
OhridNews