Градоначалникот Никола Бакрачески, вчера оствари работна средба со претставници од Агенцијата за државни патишта и проектантите на експресниот патен правец Охрид – Пештани, со цел да се согледа до каде се активностите околу реализацијата на овој проект.
По барање на градоначалникот, проектантите го истиот го презентираа пред претставници на месните и урбаните заедници, кои гравитираат околу овој патен правец.
„По презентацијата, од страна на градоначалникот Бакрачески, од стручните служби на општина Охрид и од страна на претставници на Месните Заедници беа изнесени одредени забелешки при што проектантите и претставниците на Агенцијата за државни патишта се обврзаа дека ќе најдат начин сите забелешки да ги инкорпорираат во проектот.“ – велат од локалната самоуправа.
Патот ќе биде широк околу 11 метри и ќе даде нов импулс во развојот на туризмот во овој дел од Охрид. Според најавите, градежните активности за овој патен правец треба да започнат кон крајот на 2015-та или почетокот на 2016-та година.
OhridNews